Момчето што ја прегази 24-годишната Викторија: Се чувствувам виновен, жал ми е
Момчето што ја прегази Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“, призна вина пред судијката Љубинка Башевска.
На Јордан Ѓорѓиев му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„Се чувствувам виновен, жал ми е. Свесно го кажувам ова, никој не ме уценува. Знам дека ќе следи санкција“, кажа Ѓоргиев.
Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува возачот Јордан Ѓоргиев, предложи да не се изведуваат докази за сообраќајката, туку само оние кои се важни за одредување на висината на казната.
Адвокатот Владимир Михајловиќ на семејството Николови, кажа дека нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија.
Адвокатката Билјана Андонова, која го застапува Леонид Даов, момче на починатата Викторија, кажа дека ќе бара имотно правно побарување.