Многу важна информација доколку СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ, МОЈ ДДВ со новитет
Директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ Сања Лукаревска вели дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, и со право е најпопуларна мерка. Нагласи дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните.
– Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма, рече Лукаревска.