Спорт

Младите ракометари ја прегазија Турција со 15 разлика 

Македонските ракометни надежи продолжија онаму каде што застанаа во продуктивното и успешно лето, во кое го освоија деветтото место на Светското првенство У-18 во Хрватска. Со очите вперени кон следниот голем предизвик, Европското првенство идното лето, уште сега триумфално ја отворија мисијата со пријателската турнеа во Турција.

Во првиот од двата планирани меча, избраниците на Раде Стојановиќ ги прегазија врсниците од Турција со 34-19. Разликата во квалитет се препозна уште во првиот дел, кој заврши со 18-11 за Македонија.

Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ. Втората средба Македонија и Турција ја играат утре од 16 часот по македонско време.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons