МакедонијаНајново

Мијалков се спогоди за ,,Империја”, ќе лежи 3 години затвор и ќе плати 36 милиони евра 

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска и официјално се спогоди со Обвивинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот ,,Империја”, дознава ,,Фокус” од сигурни извори.

Поточно Мијалков призна вина, и со обвинителството се спогоди да лежи 3 години во затвор и да плати 36 милиони евра. Оваа спогодба денеска беше аминувана во Кривичниот суд, по што се официјализираше.

Како што дознаваме, договорено е дел од сумата да ја уплати во кеш, а поголемиот дел да се наплати преку имотот кој веќе му е конфискуван.

Пред Мијалков со обвинителството се спогодија и Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ. Камчев треба да одлежи една година затвор, а плати 5 милиони евра.

Овој случај го отвори поранешното СЈО, а предметот го работеше обвинителката Лиле Стефанова.

Освен Камчев, Мијалков и Јосифовиќ, во овој случај како осомничени се спомнуваа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons