Актуелно

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија Лутник 

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје.

Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.

Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји.

Линк до Фејсбук статусот: https://www.facebook.com/share/15tZi3Fzch/

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons