Актуелно

Министерството за правда ги прати во Собрание измените во Изборниот законик 

Измените во Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР се веќе испратени во Собранието. Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените кои се поддржани и од министерот за правда Кренар Лога кој смета дека платеното политичко рекламирање не треба да биде на товар на државата.

На лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, па Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ, се вели во соопштението на Министерството за правда. Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons