Македонија

Министерството за здравство со препораки да се носат маски по амбулантите и болниците 

Поради ширење на грипот министерството за здраво донесе препораки сите граѓани кои одат во амбулантите и болницте да носат маски и да држат дистанца, пренесува ТВ Сител. Од Комисијата за заразни болети засега не планираат да препорачат дополнителни мерки, бидејќи нема преоптоварување на болничките капацитети, а бројките на новозаболени стагнираат.

„Може да се каже дека ова е една од поблагите години, односно со поблаг тек на грипот. Ситуацијата е под контрола. Нема оптоварување на болничките капацитети. Да луѓето се јавуваат кај матичните лекари и во Клиниките за деца има зголемување на фреквенцијата, но во моментот се одговара соодветно. За дополнителни мерки во овој момент не размислуваме“, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Според извештајот на ИЈЗ последната недела има пријавено 2880 случаи со грип, што е намалување за 5 проценти од претходните 7 дена. Потешко поминуваат граѓаните кои се заразиле со инфлуенца Б.

„Инфлуенца А дава полесни симптоми, повеќе во вид на настинка, кивање, субфебрилна температура, некоја поблага омалаксаност, а додека граѓаните со инфлуецна (грип) Б имаат потешка симптоматологија, повисока фебрилност, поизразена малаксаност, и она што го забележуваме дава опструктивни бронхити“, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, матичен лекар.

И од Комисијата за заразни болести и матичните лекари советуваат да се почитуваат општите препораки за заштита од респираторни инфекции, да се избегнуваат блиски контакти со заболено лице, да не се оди на затворени места каде има многу луѓе, а просториите каде се престојува почесто да се проветруваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons