Метеоролозите со најнови прогнози – Еве кога се очекуваат нови врнежи од дожд и снег!
На Попова Шапка попладнево е најстудено, минус осум степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија и Демир Капија.
Според УХМР, во 16:30 часот минус два степени се измерени во Берово и Крушево, минус еден во Маврови Анови, нула степени во Охрид и Крива Паланка. Два степена се измерени во Штип, Претор и Виница, три во Битола, четири во Тетово и Прилеп, пет во Кавадарци, шест во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Велес и Струмица.
фото фејсбук
Во Пожаране и Ѓуриште има најмногу снег, 20 сантиметри. Во Маврови Анови снежната покривка е 18 сантиметри, во Битола 14, во Крива Паланка и Берово 12, во Лазарополе 11, а десет во Тополчани. Во Прилеп и Охрид снежната покривка е седум сантиметри, пет во Виница, четири во Тетово и еден сантиметар во Штип.
До крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен северен ветер, повеќе изразен во источните делови и долж Повардарието. Во североисточните делови променливо облачно со провејување на слаб снег. Во втората половина од ноќта облачноста ќе се намали, освен во југозападните делови каде локално е можна значителна ниска облачност.
Инаку, УХМР соопшти дека утре времето ќе биде сончево и многу студено, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени.
фото фејсбук
Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.
Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.
По снежниот бран кој беше најавен од Славчо Попоски уште од пред дестина денови, и тој направи вистински хаос низ Македонија, следува краткотрајна стабилизација на времето.
фото фејсбук
Во понеделник и тоа поради разведрувањето, утрото ќе биде многу студено и температурите понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што во Македонија го очекуваме првиот силен мраз за оваа сезона, иако оваа година многу порано за разлика од изминатите години.
Нов влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд и од снег, особено на планинските места во Македонија ќе има во текот на утрешната ноќ, како и во вторник, и тогаш повторно врнежите локално врнежите ќе бидат обилни.
Во текот на новата седмица повторно наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени во најтоплите предели од Македонија, што значи дека пред нас е релативно студена седмица.
фото фејсбук