МакедонијаНајново

МВР излезе со соопштение, ракометарот е однесен во болница без траги од насилство 

Министерството за внатрешни работи на Македонија излезе со соопштение за хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот. 

Од МВР негираат дека ракометарот Денис Тот има траги на насилство какви што беа првичните информации од ракометниот клуб Бутел. 

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во  04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се вели во соопштението на МВР. 

Претходно во изјава за „Фокус“ директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова рече дека ракометарот бил донесен кај нив без видливи знаци на насилство и без срцева реакција. Тие се борат за неговиот живот.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons