Матичарите го блокираа центарот на Скопје
Независниот синдикат на вработените во Управата за водење матични книги го блокираше сообраќајот на булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град.
Блокадата од страна на вработените во Управата за водење матични книги следува откако протестот пред Министерството за финансии, кој се одржа минатата недела, беше неуспешен, а нивните барања за повисоки плати и потпишување колективен договор не беа исполнети.
Оваа блокада од страна на вработените во Управата за водење матични книги следува откако протестот пред Министерството за финансии, кој се одржа минатата недела, беше неуспешен, а нивните барања за повисоки плати и потпишување колективен договор не беа исполнети.