МакедонијаНајново

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ УШТЕ НЕ РАЗГОВАРАЛ СО ЦРВЕНКОВСКИ, НО ДВИЖЕЊЕТО Е ОТВОРЕНО – за програмата е рано, вели кумановскиот градоначалник

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, најави движење, кое, како што вели, би се промовирало кога ќе се знае датумот за следните парламентарни избори. Бидејќи, како што објаснува овој поранешен член на СДСМ, ако во овој момент се претстави со програма, тогаш смета дека би служело како боксерска вреќа за други партии.

За шпекулациите дека Црвенковски ќе биде дел од оваа иницијатива, Димитриевски рече дека до овој момент со него не разговарале на оваа тема, но порача дека се отворени за секого. Тој не ја исклучи и можноста поранешниот заменик-министер за образование од СДСМ, Петар Атанасов, да биде дел од тимот што ќе го понуди ова движење.

По концептот на иницијативата „За наше Куманово“ од локалните избори во октомври лани, Максим Димитриевски најави трка на изборите и на централно ниво – на следните парламентарни избори, кога и да се случат тие.

„Македонија има потенцијал и потенцијални кадри кои можат да бидат составен дел на новото граѓанско движење кое ќе излезе на политичка сцена на следните парламентарни избори“, рече Димитриевски синоќа во Дневникот на Сител ТВ.

На прашањето кога би била основачката конвенција на ова движење или политичка партија, тој рече дека сè уште не е дефинирано бидејќи сè уште се разговара.

Тој не сака да открива имиња, не поради, како што рече, страв од притисоци врз него, туку поради останатите луѓе кои ќе бидат дел од овој субјект. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons