Актуелно

 Македонците ќе можат да учат и да студираат во Хрватска со истите услови како што ги имаат Хрватите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс потпишаа нова четиригодишна соработка со која се унапредува соработката во образованието и науката. Со ваквиот чекор националните образовани системи стануваат подостапни за граѓаните на двете земји.

Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат, додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти. Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји.

Билатералната соработка предвидува поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS. Договорена е поддршка за зачувување на јазикот и културата на двата народи.

Плодната и успешна образовна соработка меѓу двете држави датира од 1995 година, кога е потпишан првиот билатерален договор за културна и просветна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons