Македонските ракометари го расплакаа Луксембург во Скопје
Македонската ракометна репрезентација со победа од 38-24 против Луксембург ги почна квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Ракометарите на Кире Лазаров одиграа одлично прво полувреме, кое го добија со 18-7 и тоа практично го реши мечот.
Во вториот дел Лазаров имаше можност да ги испроба останатите ракометари на паркетот, па така сите добија минутажа, а предноста на Македонија достигна максимални +14 (38-24).