Спорт

Македонија ослабена за дуелите со Белгија и Казахстан

Благоја Милевски утре ќе го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари на македонската фудбалска репрезентација против Белгија и Казахстан, а веќе се знаат имињата на дел од играчите кои нема да настапат.

Македонија ќе биде без Лирим Ќамили кој се повреди на меч за Сондерјиске против Копенхаген. Деталните прегледи покажаа дека тој нема да биде подготвен за откомвриските дуели.

Покрај него, Милевски сигурно нема да може да смета и на Бојан Илиевски за мечот со Белгија која поради жолти картони ќе го пропушти овој дуел.

Македонија гостува на 10 октомври на Белгија, а три дена подоцна го пречекуваме Казахстан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons