Македонија во жолта фаза за опасност од невреме
Цела Македонија од полноќ влегува во жолта алертна фаза откако УХМР издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме.
Според најавите, дожд може да дојде уште денеска во попладневните часови.
Не чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во текот на целиот ден. Тоа ќе донесе значително намалување на температурите кои се очекува да паднат за повеќе од 10 степени.