Лажни дојави за бомби во училишта, но и во Народна банка
И ДЕНЕСКА ИМАШЕ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Дојава за бомба денеска за прв пат е испратен и до Народна Банка на Македонија.
Повторно нови закани и во средните училишта, и тоа дури во девет средни училишта е пристигната дојава за бомба, информираат од Министерство за внатрешни работи. – Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.