Ладната вода побавно ја вари храната и нѐ остава без енергија
Кога надвор температурата расте првиот избор е чаша леден пијалак.
Иако ни се чини дека тоа е идеален начин на кој може да се освежиме, сепак истото носи повеќе штета отколку корист.
Ладната вода, како и сите ладни напитоци – сокови, шејкови, газирани пијалаци, ледено кафе и слично, влијаат на стеснувањето на крвните садови. Тоа не би било толку страшно доколку не влијае на храната која претходно сме ја внеле, односно отежнато или ограничено нејзино варење, а и самата хидратација на телото е значително побавна.
Кога ќе се напиеме ладен пијалак, во телото доаѓа до спречување на апсорбирање на нутриентите кои ни даваат енергија. Нашето тело во тој случај својата постоечка енергија ја троши за да ја регулира температурата во самиот организам, иако ние мислиме дека соодветно сме го разладиле и сме му помогнале. Таквото однесување може да доведе до опаѓање на нивото на водата во организмот, што е спротивно на тоа што сакаме да го постигнеме.
Експертите советуваат секое утро да пиете една чаша млака вода со малку капки свежо исцеден лимон за да бидете подготвени за предизвиците кои следат во текот на денот.