КРВАВИ ТРАГИ ПО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ, повредениот пренесен во болница
Очевидци за Фактор потврдуваат дека по сообраќајката во центарот на градот, има видливи траги на крв на местото на несреќата.
Вознемирените граѓани веднаш повикале брза помош, која го однела повредениот во болница.
На местото на несреќата пристигнале и полициски службеници, кои го блокирале пристапот до возилата кои учествувале во сударот.
Како што може да се забележи на фотографиите во сообраќајната незгода учествувале комбе и мотор.
Повеќе детали во текот на денот.