МакедонијаНајново

КОЈ ЌЕ РАЗНЕСУВА ПОШТА ДОДЕКА Е ШТРАЈК: Се нудат дел од приватните пошти 

Дел од приватните пошти даваат поддршка на Синдикатот на Националниот оператор АД Пошта за да најдат најдобро решение на сите страни

„ЕЛС како најголем приватен поштенски оператор, кој располага со најголеми капацитети и најголем број на возила и канцеларии подготвени сме да излеземе во пресрет на потребите на јавниот и приватниот скетор, како и на граѓаните за извршување непречена функционалност во доставата на нивните писма и праки бидејќи ЕЛС ги поседува сите дозволи и лиценци за вршење поштенска дејност и врши достава до сите населени и рурални места во државата, стои во соопштението од ЕЛС.

Синдикатот на Mакедонска пошта и синдикалната организација на А.Д. Пошта најавија дека на 14-ти месецов ќе стапат во генерален штрајк на работните места и простории кај работодавачот, доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари.

Причините за започнување на генерален штрајк, наведуваат, се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето за линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons