МакедонијаНајново

Комисијата од Министерството за здравство не најде грешка во лекувањето на малата Јана 

По ДСЗИ, и лекарската Комисија формирана од министерот за здравство не утврдила пропусти во третманот на 6 годишната Јана Христовска, која почина во битолската болница само неколку часа по приемот. 5-те специјалисти пред една недела беа во Битола а ја разгледувале и целокупната медицинска документација. Нивниот заклучок е дека се било согласно медицината базирана на докази.

-Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство,  велат од Министерството за здравство.

Битолското обвинителство се уште го чека обдукцискиот наод кој треба да покаже од што настапила смртта. Се уште не ги повикале родителите бидејќи го немаат извештајот.

-Со оглед на ненадоместливата трагична загуба за семејството, јавниот обвинител очекува не само да го слушне нивниот исказ, туку и да биде во можност да им понуди некакви одговори во поглед на причините за смртта на девојчето, врз основа на до тогаш обезбедените докази, ни одговорија од ЈОРМ.

Битолчани кои бараат правда за Јана, во среда повторно најавуваат мирен протест на плоштадот Магнолија во Битола. Ќе делат балончиња во форма на срце со порака:

Нека срцето на ЈАНА, биде штит за сите сегашни и идни дечиња да не ја доживеат нејзината судбина”.

Јана Христовска почина на 22 март само неколку часа откако била примена на детското одделение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons