МакедонијаНајново

Колку чини скромна новогодишна трпеза? 

Речиси 5 илјади денари чини најскормната новогодишна трпеза за 4-члено семејство.

Според пресметката на Сител, за 2 килограми свинско месо ќе потрошите околу 800 денари, а слична цена има и пилешкото. Килограм готова руска салата е околу 400 денари, додека за кифлички треба да се издвојат и до 300 денари. Се продава и готова сарма од околу 350 денари за килограм. Тука е и предјадењето кое опфаќа кулен, чајна, сирење, кашкавал, што ќе ве чини дополнителни околу илјада денари. Неизбежно е на трпезата да има и вино, ракија, сок и вода, за што минимум треба да се платат уште илјада денари. Ако се додаде и нешто благо, во просек по 700 денари, едно семејство за една ноќ дома ќе треба да издвои над 4.500 денари.

Во оваа сума не е вклучен трошокот за струја потребна за подготвка на јадењата, ниту подароците кои треба да си ги разменат блиските.

Граѓаните едногласни дека скапотијата им ја испразнила трпезата.

А по Нова година следат Божиќните празници кои домашниот буџет ќе го испразнат двојно повеќе.

Кога ќе се додадат тековните трошоци за живот, сметки и превоз, јануари ќе биде најтежок месец за најголем дел од граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons