Македонија

Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, заради него Онишченко добива државјанство

Продолжува партизацијата, неспособноста и аматеризмот во АНБ, реагира на ФБ Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ..

Изборот на Зарко Милошевски за директор на АНБ значи дека ништо не се менува, туку како што кажува и Али Ахмети, ќе биде “како и до сега”.

Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска.

Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор – Виктор Димовски.

Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле.

Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога над 200 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи.

Милошевски е резултат и дел од целата неспособност на СДС во безбедносниот сектор во изминативе 7 години.

Учествувал на највисоко ниво во безбедносните настани и пропусти во изминативе 7 години.

Токму Виктор Димовски и Зарко Милошевски се најодговорни за негирањето на правото за пристап до класифицирани информации на лица кои се неподобни за СДС и ДУИ и во тој оддел под нивно раководство се креираат и фабрикуваат лажни вести кои се испраќаат во НАТО.

Тој не е кадар кој може да донесе промени. Напротив се ќе биде “како до сега”, а СДС со вакви партиски решенија продолжува да ја срами Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons