Свет

Кличко: Секое евро што го добивате од Русија или го испраќате e со украинска крв 

Секое евро што го добивате од Русија или го испраќате во Русија има крв и тоа се крвави пари и крвта на овие пари е украинска крв, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. 

Кличко, побара од европските политичари да ги прекинат сите комерцијални врски со Москва.  Тој вели дека во Буча се случил „геноцид врз Украинците“. Раскажа дека видел мртви цивили, меѓу кои и една старица, и автомобил со бело знаме и зборовите „деца“, а внатре имало крв.Градоначалникот ги спореди доказите за убиства на цивили во близина на главниот град на Украина со сцени од хорор филм. Порача дека нема да простат за илјадници убиени Украинци, и уништени градови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons