Спорт

Кари испиша историја, прв играч со 4.000 тројки во НБА 

Ѕвездата на Голден стејт, Стеф Кари стана првиот кошаркар во НБА кој стигнал до 4.000 постигнати тројки.

Синоќа Голден стејт го победи Сакраменто со 130-104, а ова беше посебна вечер за Стеф Кари бидејќи ја достигна границата од 4.000 тројки во НБА кариерата.

Тој одамна е најдобар тројкаш во историјата на лигата, а ова е само еден јубилеј кој тешко дека во некоја блиска иднина ќе биде надминат од некој.

Кари имаше скромен учинок на мечот со 11 поени, најефикасен беше Грин со 23 поени. Во составот на Сакраменто 23 поени постигна Дероузен.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 125-129
Милвоки – ЛА Лејкерс 126-106
Чикаго – Бруклин 116-110
Њу Орлеанс – Орландо 93-113
Голден Стејт – Сакраменто 130-104


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons