Кампањата за претседателските избори ќе почне на 4 април, а за парламентарните на 18-ти
Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април ќе почне на 4 април на полноќ и ќе трае до 22 април, соопшти Државната изборна комисија.
ДИК го усвои роковникот според кој што кампањата ќе почне 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред изборниот ден.
Учесниците, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март. Собирањето потписи за претседателските избори почнува 23 февруари и трае до 8 март.
Листите со кандидати за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна на 2 април.