Тепачка меѓу две сестри: Поголемата ја истепала и со остар предмет ја повредила малолетната сестра
Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Kлиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди по телото.
По преземени мерки било утврдено дека повредите ѝ ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка, по нивна претходна расправија и физичка пресметка, соопшти СВР Тетово.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.