Актуелно

Историски најниска цена на горивата, трговците молчат – цените исти ништо не се намалува

Кога поскапуваат горивата, обично се поскапува, но кога нивната цена ќе се намали, тој тренд не го следи никој.

Анализата на цените на дизел горивото во последните 2 години покажуваат дека во моментов имаме втора најниска цена откако во мај лани, литар дизел се продавал за 66,5 денари.

До септември лани, цената скокнала за нешто под 50% до ниво од 87 денари.

Највисоката цена на дизелот во последните 2 години била на 13 октомври 2022 година кога литар дизел се продавал по 103,5 денари.

До овој момент, поради намалената цена на горивата не се намалуваат цените на производите за широка потрошувачка, ниту пак цените на транспортот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons