Истекува уште една работна недела, учебници во училиштата сè уште нема
Иако според ветувањата на минстерот Шакири учебниците за шестооделенците уште во петокот требаше да бидат доставени до училиштата и дека доколку има потреба дистрибуцијата ќе продолжи и за време на викендот, сепак во дел од училиштата со кои „Канал 5“ стапи во контакт, наставата се уште тече без учебници.
Додека од МОН за „Канал 5“ и денеска уверуваат дека испораката на учебниците за шесто одделение е во тек, а за третооделенците биле испорачани уште во септември, од училиштата кои ги контактиравме велат дека досега или не добиле ниту еден учебник за шесто или дека им бил доставен само еден. А наспроти тврдењата од МОН дека учебниицте за третооделенците уште претходниот месец стигнале во рацете на учениците, во училиштето Ѓорѓија Пулевски во скопски Аеродром наставата за трето оделение, како што тврди директорот, и понатаму се одвива без ниту еден учебник.
Инаку, ресорниот министер уште лани убедуваше дека нема да дозволи тековната учебна година да стартува со старите проблеми и без учебници, а од првиот училишен ден во неколку наврати ветуваше дека учебници ќе има прво до средината, па до крајот на септември, сепак наставата за учениците старуваше без 43 од вкупно 123 учебници по задолжителните предмети.
Неодстигот на скоро една третина од учебниците на стартот на учебната година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го оцени како огромна нееднаквост и дискриминација на илјадници ученици, поради што најавија и тужба против МОН. Кога истата ќе биде поднесена пред граѓанскиот суд, нема конкретна информација, меѓутоа ова е прв случај во кој минситерството ќе добие тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес, поради недостиг на учебници.