Исклучен Блок 1 на РЕК Битола, нема да работи до понеделник
Синоќа околу полноќ oд електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката, велат од ЕСМ и нагласуваат дека се преземени сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа. Производството ќе биде надоместено од другите капацитети на ЕСМ и со купување на струја, велат од претпијатието.
„Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.
Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември“, се вели во соопштението.