ИМАМЕ НАД 19.000 МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ: Сепак бизнисот има проблем да најде работници
Имаме 19.240 млади невработени, а бизнисот не знае како да најде работници.
По над 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во наведените три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број на невработени до 29 години. Од вкупниот број невработени, 18,2 отсто се млади од 15 до 29 години.
Најновите податоци од Агенцијата за вработување, покажуваат дека на крајот на 2023 година официјално, како активни баратели на работа (невработени) на возраст од 15 до 29 години се регистрирани 19.240 лица што претставува 18,2 отсто од вкупниот број на невработени. Но, дополнително во Агенцијата се регистрирани уште 47.300 лица како „пасивни“ баратели на работа во кои повторно се појавуваат млади лица, но возрасната структура на оваа група невработени не е објавена.