ИЗГЛАСАНО: Собранието донесе Закон за амнестија на овие лица
Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена.
Предлогот на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“.
Со овој закон на лицата изречената парична казна или заменетата казна затвор им се заменува со алтернативна мерка условна осуда, со која им се утврдува иста парична казна како изречената во правосилната пресуда и истовремено им се определува дека утврдената парична казна нема да се изврши доколку осудениот во рок од три години по правосилноста на решението за амнестија не сторат ново кривично дело.
Од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година во Основниот кривичен суд скопје од страна на основното јавно обвинителство Скопје поднесени се 967 казнени налози за член 206 од кривичниот законик.