МакедонијаНајново

И денеска штрајкуваше судската администрација со барање за повисоки плати и надоместоци 

Пред Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи протестот на судската администрација. Не прифаќаат покачување на платите за 10 проценти, бараат ист процент на покачување каков што добија функционерите, но во однос на минималната плата и покачување на надоместоците кои им се стопирани.

Јасмина Величковска, претседателка на синдикалната организација на судската администрација рече дека со протестите започнале затоа што им беа стопирани додатоците на плата тогаш кога им се покачија на функционерите платите за 78 проценти.

„Додатоците се предвидени со законот и тие не може да бидат намалени. Имаме поддршка од здружението на судии како и од адвокатите. Бараме од утре и тие да излезат на штрајк со нас, поддршката да ја покажат на дело“, рече Величковска.

„На нивните 78 отсто покачување на платите, ние бараме за 78 отсто покачување во однос на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници. Каде се парите за нас кои ги снема, кога преку ноќ се најдоа во буџетот пари за функционерите. Тоа значи ли дека со наши пари ги обезбедија парите за нив“, рекоа и други претсетавници на штрајкувачите.

Тие нагласија дека имаат многу работа, без оглед што постои перцепција дека не се работи доволно. 

Немаме доволно кадар, нема доволно стручни соработници, а да нагласам, сега не очекува уште една амнестија, додаде Величковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons