Свет

Зеленски за Билд: Веќе не можам да плачам, чувствувам омраза кон Русија 

Само неколку часа по страшниот ракетен напад на железничката станица во украинскиот град Краматорск, во кој загинаа најмалку 50 цивили, Зеленски претходно даде интервју за германски Билд.

„Не можам повеќе да плачам, не плачам повеќе“, рече Зеленски на прашањето на новинарот дали сѐ уште плаче кога ќе се сети на масакрите во Краматорск, Буча, каде имаше по стотици мртви.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја посети Украина на денот на масакрот.

„Ова е нашиот воен живот. Денес беше трагично утро, пред толку важен состанок. Никогаш не можете да се навикнете на овие жртви“, коментира Зеленски.

Дали Зеленски ја мрази Русија?

Да, чувствувам омраза кон Русија, кон руските војници. Кога ќе ги видам овие слики пред мои очи. Убиени деца без нозе, без раце. Тоа е гнев, тоа е страшно, вели Зеленски.

Како татко природно мислам на моите деца во такви моменти. Ова се моменти како дипломирање или свадба, па помислете на родителите на мртвите деца. Тогаш мислиш дека никогаш нема да ги доживеат тие моменти со своите деца. Секако дека се лутам на вакви моменти, изјави тој.

Дали има списоци на Руси за убивање?

Зеленски вели дека не знае за тоа, но видел како пукаат врз цивили и слушнал за такви списоци во големите градови како Херсон.

Дали се плаши дека може да се откријат уште многу злосторства во украинските места?

„Што се случува во селата на југ, како Херсон, Запорожје и на исток – не знаеме. Многу градови се едноставно целосно уништени. Нема куќи, нема луѓе – не знам што ќе најдеме таму”

Најлошото нешто што Зеленски го слушнал во последните неколку дена?

Билд пишува дека еден шеф на европската влада побарал од Зеленски да му докаже дека злосторствата во Буча не биле исценирани. Зеленски не сакаше да открие за кого се работи, но неколку пати му кажа дека сака докази.

Дали смета дека Германија е виновна за одложувањето на санкциите?

Да, некои земји, Германија е една од нив, се против ембаргото за нафта и гас. Мило ми е што 5-тиот пакет санкции на ЕУ вклучува ембарго на јаглен и дрво.

Германија не не поддржа со оружје. Германија отворено кажа дека нема да бидеме членка на НАТО. Но, ако сме искрени, германската реторика се промени.

Може ли Зеленски да седи на маса со Путин?

Денес Украина нема друг избор освен да седне на преговарачка маса. Но, ниту една друга сила во Русија нема моќ да ја запре оваа војна. Тој сам одлучува кога ќе заврши оваа војна.

Што гледа кога ги затвора очите ноќе?

Не гледам ништо. Многу е тешко да се заспие. Не можам да се сетам кога последен пат добро спиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons