Здравствените работници најавуваат блокада на цело Скопје
Блокада на цело Скопје доколку не им биде исплатена јануарската плата, ова го порачаа здравствените работници од денешниот протест.
– Доколку не се земе плата до среда најдоцна, односно денес ние ќе го блокираме Скопје на влезот кај Ѓорче Петров и Автокоманда и ќе го блокираме Центар во четврток. Значи, најавуваме блокада на Скопје од Независниот синдикат и другите синдикални организации за блокада на цело Скопје, кажа Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија од денешниот протест на здравствените работници.