Македонија

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го помина филтерот, но сменет

Законот за медиуми конечно е откочен во собраниската процедура која започна од ноември минатата година. Комисијата за европски прашања на денешната седница постапи по законот, но не со верзијата што претходно беше договорена со претставниците на медиумите и здруженијата.

Законот предвидува да се издвојуваат 0,1% од државниот буџет за државни медиумски кампањи нарачани од институции кои ќе имаат едукативна или информативна цел.

И покрај тоа што процентите беа различни во предлогот, Комисијата за европски прашања во финалната верзија одлучи државните телевизии со терестријален пренос да добијат само 40 отсто од овој буџет, наместо 65 отсто што беа претходно предвидени.

40% ќе бидат доделени и за телевизиите на државно ниво кои емитуваат преку електронски оператори и сателитски форми, наместо првично предвидените 25%.

Планирано е 15% да се доделат за локалните и регионалните телевизии и 5% за радијата.
Според законот, за државни кампањи не се дозволени теми поврзани со политички и дипломатски активности, теми за промоција на услуги или политики на органите на државната или локалната власт или теми поврзани со партиски активности. Потоа, при спроведување на државна кампања не смее да се користат партиски имиња, политички и партиски слогани, симболи или знаци кои се однесуваат на активностите на политичките партии.

Според предлогот, парите добиени од државните кампањи на национално ниво, медиумите ќе мора да ги користат за дигитализација и унапредување на работниот процес, како и за подобрување на стандардот и условите за работа на медиумските работници. Парламентарното мнозинство го поддржа предлогот во комисијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons