Актуелно

ЗА ЖАЛБАТА НА ВИЛМА РУСКОВСКА ЗА СУСПЕНЗИЈАТА ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО СРЕДА – закажана седница на Советот на јавни обвинители 

Советот на Јавни обвинители во среда ќе ја разгледува жалбата на шефицата на ОЈО за организиран криминал, Вилма Русковска. 

Дека во среда ќе се разгледува жалбата на Русковска беше објавено на веб страната на Советот за јавни обвинители.

Како што е познато, главната обвинителка во Организиран криминал беше суспендирана од главниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривичната пријава од Арафат Муареми од Финансиска полиција.

А, на веб страната на советот пишува дека се свикува шеесет и трета седница на Советот  на јавните обвинители на РСМ на ден 24.08.2022 година (среда) со почеток во 10:30 часот.

„За седницата го предлагам следниот дневен ред – Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител  на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска, и Разно“, пишува на веб страницата на Советот на јавни обвинители. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons