За 80 проценти зголемен бројот на обиди за криумчарење мигранти
Обидите за илегани преминувања на државните граници од страна на мигрантите оваа година бележат намалување, но расте бројот на криумчарењето.
Според статистиката на МВР за пет месеци вкупно биле спречени над 5500 обиди за илегални преминувања што е намалување за 22% во однос на истиот период лани коа биле спречени над 7000 обиди.
За разлика од обидите за илегални преминувања бројот на откриени случаи за криумчарење мигранти во периодот од јануари до мај бележи зголемување за над 82%.
Зголемување има и во делот на кривичното дело криумчарење, но и кога станува збор за сторителите. Криумчарењето годинава е зголемено за нешто повеќе од 66 проценти, додека број на сторителитена ова кривично дело за 100%.
Лани, во првите пет месеци бројот на криумчарени мигранти бил 188, додека годинава нивниот број има зголемување од над 55% и изнесува близу 300 мигранти.
Во делот на локациите, Југот на државата и понатаму останува регионот во кој се откриваат најголемиот број обидите за илегален премин, но и за криумчарење мигранти.
Последните поголеми случаи беа откриени пред неколку дена. Во првиот имаше обид за криумчарење на 40 мигранти меѓу кои и деца,а беа превезувани со комбе. Во другиот случај криумчарите за превоз користеле патничко возило во кое биле сместени 10 мигранти меѓу кои и едно дете.