МакедонијаНајново

Жители од Србија доаѓаат по млеко во Македонија 

Недостигот на млеко последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко, објавуваат српските медиуми.

Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“.

-На мојата роднина и донесов неколку пакети затоа што пред да дојдеме на гости ми кажа дека овде нема млеко. Колку што знам во Скопје го има доволно и чудно ми е затоа што претежно тоа е млеко од Босна и Херцеговина или Србија, рече потрошувачка од Скопје за „Нова.рс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons