Жените родени во овој хороскопски знак се страв и трепет за мажите
Се повеќе се зборува за жени од кои мажите се плашат и ретко влегуваат во врска со нив од страв дека ќе останат инфериорни.
Паметните, убави и успешни жени се опасност за многу мажи, па затоа на многумина од нив е тешко да се најде партнер кој може да ја толерира нивната доминација. Според астрологијата, еден знак е доминантен кога станува збор за жени од кои мажите бегаат затоа што се – премногу.
Тоа се жени родени во знакот Овен.
Тие се исклучително силни и храбри жени кои уште од мали нозе знаат дека со напорна работа и нескротлив дух ќе постигнат сè што сакаат. Повеќето мажи се чувствуваат инфериорно покрај нив, па затоа доста се плашат да влезат во сериозна врска со нив.