ЕСМ: 235 згради неподготвени за почеток на грејната сезона
ЕСМ пред почетокот на грејната сезона упати апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
„Ги повикуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа во прегледот на моментално затворени објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).
Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“, апелираат од ЕСМ.
Во моментов во 235 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени потребните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.