Актуелно

Епидемија на голема кашлица сепак е прогласена, но само на ниво на Град Скопје 

Од Владата разјаснуваат дека на ниво на Скопје уште од 8 февруари е прогласена епидемија на голема кашлица. 

Од таму додаваат дека епидемијата не треба да ја прогласи Владата откако препораката дадена од Комисијата за заразни болести ја потпиша Фатмир Меџити, ден пред да биде разрешен од функцијата министер за здравство.

Ова од таму што самата препорака од Комисијата за заразни болести не се однесувала на целата држава, така што Центарот за јавно здравје – Скопје е надлежен да постапи по препораките од Комисијата.

„Во Скопје е прогласена епидемија од пертусис (голема кашлица) и за тоа официјално ги известивме Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Мнистерството за здравство и Институтот за јавно здравје“, потврди Бесим Зекири, директор на скопскиот Центар за јавно здравје.

Препораките се во градинките да не се примаат деца кои не се вакцинирани за голема кашлица, а матичните лекари треба при секој преглед да го проверат вакциналниот статус на секое дете до 14 години и да ги упатат на вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons