Актуелно

Егзодус на судии од Кривичниот суд, сите бегаат на повисоко 

Речиси половина судии од скопскиот Кривичен суд аплицирале за да работат во Апелацискиот суд. Слободните места во скопска Апелација ги меркаат и судии од внатрешноста. Повеќе од 60 судии бараат од Судскиот совет унапредување во својата кариера во скопска Апелација, 30 во кривичниот оддел.

Алсат дојде до неофицијален список на судии, а речиси сите работеле на предмети од СЈО. Меѓу нив и судии со долгогодишно искуство кои суделе во случаи од кривична област, организиран криминал, малолетничка деликвенција, како и судии на претходна постапка кои одлучуваат за притвори и други мерки на претпазливост. Покрај судии од скопскиот Кривичен суд, аплицирал и шефот на кавадаречкиот суд, Лазар Нанев, кој се гледа како судија во скопска Апелација.

Се полнат и испразнети судски места во скопска Апелација во граѓанскиот оддел. За таму аплицирале 33 судии, меѓу кои и шефот на Основниот граѓански суд Скопје, Илир Сулејмани, судијата Андреј Димовски кој моментално суди за случајот „Рекет“ во кој Камчев си ги бара назад парите од 1,5 милион евра што ги дал во случајот за да се спаси од кривична одговорност од „Империја“. За во граѓанскиот оддел на скопска Апеалција аплицирале и судии од Кривичен кои се јавуваат на двата огласи за во Апелација.

На огласот за работа во Врховниот суд аплицирале вкупно 10 судии. Меѓу нив и апелациониот судија Енвер Беџети кој беше дел од судиите кои го пуштија шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков од притвор со гаранција од 11 милиони евра. Таа гаранција, Алсат веќе објави дека е под банкарска хипотека. Но, банката се согласила имотот да го земе државата во случај Мијалков да избега од државата. Судскиот совет допрва треба да одлучи кои од судиите ќе добие унапредување во својата кариера.

Судии кои аплицирале за работа во скопска Апелација

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons