Европска комисија: Македонците најнемотивирани да војуваат за татковината на Балканот
Според анкетните анализи што ги објави Европската комисија македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата земја, објави „Независен“.
Во истражувањето кое завршило оваа година, прашањањето до машката популација е „доколку избие војна, дали сте подготвени да ја браните вашата татковина?“.
Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните кај нас се подготвени да се борат ако е загрозена државата.
На првото место во регионот со 87 отсто е Грција, а следуваат со 87 отсто во Словенија, и 85 отсто во Албанија.
Понатаму се Турција со 83 проценти, Бугарија со 75,5, Хрватска 74,2, Романија со 68,2, Србија со 65,9, Црна Гора (61,1) и БИХ (59,5).