ЕБОР ќе го поддржи планот од 4 милијарди евра за Македонија да ги затвори термоцентралите
Меѓународните кредитори, вклучително и Европската банка за обнова и развој и Светската банка, го поддржуваат планот од 4 милијарди евра (4,35 милијарди американски долари) кој има за цел да ја натера Северна Македонија да престане да го користи јагленот за производство на енергија, изјави шефот на ЕБОР за Ројтерс.
Договорот, кој се очекува да биде објавен на самитот за климатски промени COP28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, подразбира план за затворање на двете централи на јаглен во земјата и нивна замена со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија.
„Јагленот во Северна Македонија претставува 40 отсто од изворот на енергија, така што е многу голем, многу важен извор. Ова е еден пример за тоа што би сакале да прикажеме на COP28, да го претставиме овој пристап и што тој може да даде, како и посветеноста на земјата, изјави за Ројтерс претседателот на ЕБОР, Одил Рено-Басо.