Државниот завод за Статистика: Годишно од земјава заминуваат околу 15 илјади граѓани
По извештајот на Државниот завод за ревизија, Статистика со уште поалармантни бројки за миграцијата. Според Статистика, годишно од земјава заминуваат околу 15 илјади граѓани. Ревизија пред неколку дена откри вознемирувачки податоци за иселувањето на образованите кадри.
Според извештајот на Ревизорското тело, Македонија од 2013 до 2021 година ја напуштиле просечно 2.500 лица со високо образование годишно, за кои државата инвестирала околу 725 милиони евра. Но, според заводот за статистика бројката е многу поголема.