Македонија

Долго чекање на граниниот премин Блаце

Секој работен ден од граничниот премин Блаце влегуваат и излегуваат до 15.000 патници, додека за викендите оваа бројка достигнува и до 20.000 и тоа, според надлежните од овој премин, влијае на зголемувањето на редот за чекање на оние кои патуваат од Северна Македонија во Косово и обратно. Но, долгите чекања, според патниците, се случуваат главно на македонска страна.

„Најмногу 40 минути, 1 час….Најмногу овде кај нас… Сега се одморите, не треба да има долги редици, да се чека премногу… “

„Ми се случи еднаш, да чекам час или најмногу два часа“, велат граѓаните.

Командирот на полициската станица на овој граничен премин Бесим Асани се согласува дека понекогаш чекањата се подолги, но се правда дека тоа се случува поради голема фреквентност. Тој рече дека понекогаш се соочуваат со проблеми со мрежата и бавен систем што го отежнува процесот. Додаде дека капацитетот на границата е мал за волкав проток на патници, додека овој граничен премин се соочува со мал број работници на пунктовите за пасошка контрола, кои според него работат со половина капацитет. Асани рече дека според оперативниот план за летната сезона кога бројот на движења е голем, ќе има олеснување на проверките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons