ДОКОЛКУ КОРИСТИТЕ НЕТФЛИКС, ОВА Е ВЕСТ ЗА ВАС: Ќе има зголемување на цените
Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на претплатни пакети и оваа година, што би можело да го забрза растот на неговите приходи и профит.
Имено, минатиот октомври Нетфликс ја зголеми цената на основната претплата од 9,99 долари на 11,99 долари месечно во САД, а корекција на цената е направена и за пазарот во Велика Британија и Франција. Иако се уште не е официјално објавено, челниците на компанијата изјавија дека е можно ново поскапување.
Ко-основачот на компанијата, Грег Питерс, неодамна објави дека Нетфликс „го одложил зголемувањето на цената“ минатата година додека вовел програма за споделување на платена претплата.
„Сметавме дека тоа е форма на замена на поскапувањето. Сега, кога го тргнавме тоа од патот, можеме да продолжиме со нашиот вообичаен пристап кон зголемување на цените. И зголемувањето на цената, сте виделе како го правиме тоа во САД, Велика Британија и Франција. Таа промена помина подобро отколку што очекувавме“, изјави Питерс за Variety, додавајќи:
„Ние ќе продолжиме да ги следиме другите земји и ќе се обидуваме да процениме кога сме испорачале доволно дополнителна вредност за забава за да ги замолиме нашите корисници да платат малку повеќе за да го задржат тој позитивен механизам и да останат способни да инвестираат во производство на одлични филмови, серии и игри за претплатници. “
Минатата година Нетфликс достигна дури 29,5 милиони нови претплатници и со тоа ја збриша конкуренцијата која се бори да ги задржи постоечките, а камоли да добие нови.Блиц.рс