Дете се повреди од струен удар од пруга во Куманово
Македонски Железници известува дека околу 17:00 часот на железничката станица Куманово дошло до несреќа.
Деца се качувале на вагоните од паркиран воз на спореден колосек и при тоа најмалку едно дете се здобило со повреди од струен удар и е однесено во болница.
Од Македонски железници е повикана полиција да направи увид, а информацијата ја потврдува и регионалниот центар за управување со кризи.