Дали сте свесни дека никој не го надмудрил животот?
Сакаш сериозна врска, но не сакаш брак.
Сакаш брак, но не сакаш компромиси.
Сакаш дете, но не сакаш обврски.
Сакаш љубов, но да не те боли.
Сакаш кариера, но не сакаш да се трудиш.
Сакаш успех, но не сакаш откажување.
Сакаш многу пари, но набрзина.
Сакаш здравје, без дисциплина и самоконтрола.
Сакаш стан, ама родителите да ти го купат.
Сакаш да одиш на луксузно патување, но со малку пари.
Сакаш да те сакаат, а ти да ги игнорираш.
Сакаш да добиеш сѐ, ама ако може ти да не дадеш ништо.
Сакаш да брзаш, а да не потрчаш.
Да леташ, а да не рашириш крилја.
Да сакаш, а да не крвариш.
Да растеш, а да не се истегнеш.
Да ризикуваш, но да играш на сигурно.
Ти би сакал да го живееш животот, но животот да не те оштети тебе.
Малку да се вложиш себеси, а да ти го даде најдоброто од себеси.
Дали си свесен дека никој не го надмудрил животот и дека секој добива точно онолку колку што заслужил иако понекогаш распределбата делува неправедна?