МакедонијаНајново

Гужва уште на првиот ден за фотографирање за лични документи без закажување 

Голема гужва за фотографирање уште на првиот ден од вонредниот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвори во скопската населба Пролет во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи.

На локацијата може да се аплицира без закажување, а голем број граѓани ја наполнија салата на полициската станица, пренесува Плусинфо.

Се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.

Личните документи со старото име на државата важат до 12 февруари 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons